Ракомет

Андоновски: Очекувам суперлигашки меч, нашата огромна желба е да го добиеме Вардар Неготино

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Богданци се подготвува за ракометен спектакл, в сабота се игра големото ракометно дерби во Првата лига меѓу Младост и Вардар Неготино, во рамки на 3. коло од Првата лига. Гостинот од Неготино го очекува вистински „пекол“, а салата ќе грми во еден глас како силна поддршка за Младост.

Тренерот на Младост од Богданци, Горан Андоновски за Спортска Мрежа вели дека очекува суперлигашки меч со огромна желба истиот да го добијат. Како што вели охридскиот стратег амбициите на противникот кој летово сериозно се засилил се јасни, особено кога на клупата легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков, но додава дека имаат огромна желба за славје.

„Припремите за сезоната ги започнавме на 28 јули и два месеци пеколно работевме по 3 пати на ден. Нашата екипа е склопена од неколку играчи од страна, најдоброто од Богданци и се вклучени деца од младинската школа. Се надевам дека успеавме да направиме добра хемија во тимот за остварување на целта. Вардар Неготино беше доста активен во летниот преоден рок, се засили на сите позиции со суперлигашки искусни играчи, а на клупата е легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков и јасни се нивните амбиции. Се надевам дека ги очекува пекол во Богданци и полна сала, а нашата огромна желба е да го добиеме овој меч. Очекувам суперлигашки меч и нека победи подобриот“, ни изјави Андоновски.

Едно е јасно – салата во Богданци ќе „крца“ до последно место и ќе се бара простор повеќе за да се следи овој натпревар, а дополнително, тоа ќе биде огромен пекол за Вардар Неготино, а публиката и навивачите најавуваат силна поддршка за Младост.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!