Ракомет

ФОТО: Бјере незапирлив, ГОГ Гудме со победа над Пелистер во Битола

Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз во Лигата на шампионите, откако пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“ загуби од данскиот ГОГ Гудме со 28-31 (14-14).

Битолчани одиграа одлично прво полувреме и во еден момент имаа предност од пет гола (10-5). Сепак, со серија грешки и недоволна концентрација дозволија гостите да израмнат до паузата на 14-14.

Второто полувреме започна со пет минути без гол за домашниот тим, што Данците умешно го искористија за водство од 17-14.

Крилото Фредерик Бјере беше нерешлива загатка за одбраната на Пелистер и натпреварот го заврши со максимални 13 погодоци од исто толку обиди. ГОГ во продолжение ја одржуваше разликата од три до четири гола, а македонскиот првак само во еден момент успеа да се доближи на „минус еден“ (23-24).

Пропуштените шанси за израмнување скапо ги чинеа битолчани, па гостите со сигурна завршница ја запишаа победата.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше капитенот Дејан Манасков со девет гола, а Кирил Кузмановски додаде осум. Голманите Митревски и Хеидарирад имаа по три одбрани, додека кај ГОГ Бутаф се истакна со осум интервенции.

По двата порази во воведните кола, Еурофарм Пелистер ќе ја продолжи својата европска кампања на 8 октомври со гостување кај полската Висла Плоцк.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!