Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално мотивирани и свесни за значењето на дербито со Вардар Неготино

Сподели
Сподели

В сабота во Богданци се игра големото ракометно дерби меѓу Младост и Вардар Неготино, во рамки на 3. коло на Првата ракометна лига. Директен дуел на две екипи кои претендираат за влез во Суперлигата.

Ракометарот на тимот до Богданци, Ѓорѓе Ѓуриќ за Спортска Мрежа вели дека максимално мотивирани и свесни за значењето на овој натпревар ќе го пречкаат големиот ривал Вардар Неготино.

„Атмосферата е одлична, сите сме максимално мотивирани и свесни за значењето на овој натпревар. Вардар Неготино е голем ривал, но веруваме во нашата игра и во тимската хемија. Атмосферата во тимот е одлична, сите сме свесни за важноста на натпреварот и максимално мотивирани. Работиме напорно на тренинзите и имаме голема желба да го покажеме најдоброто на терен. Со поддршка од публиката во Богданци сигурни сме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат“, ни изјави Ѓуриќ.

Тој додава дека очекува силна поддршка од верните навивачи и полна сала за максимална поддршка од трибините.

„Секако, очекуваме голема поддршка од нашите навивачи – тие секогаш се нашиот осми играч– нашите навивачи секогаш знаат да создадат прекрасна атмосфера и тоа многу ни значи. Во градот веќе се чувствува дерби атмосфера, сите зборуваат за натпреварот и тоа дополнително нè мотивира. Убеден сум дека со нивната енергија ќе дадеме максимум на теренот“, дополнува Ѓуриќ.

Едно е сигурно – салата во Богданци ќе биде полна, Младост ќе има силна поддршка, а Вардар Неготино го очекува „пекол“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!