Втора лигаФудбал

Славниот Хајдук ќе гостува во Кочани во 2026 година – ќе игра пријателски меч со Осогово

Сподели
ФОТО: Општина Кочани
Сподели

Во рамките на посетата на неколку градови во Хрватска, делегацијата од Општина Кочани предводена од в.д. градоначалникот Венко Крстевски оствари средба со претседателот на славниот хрватски клуб Хајдук, Иван Билиќ.

На состанокот беше договорено во август 2026 година на стадионот „Никола Мантов“ да се одигра пријателски натпревар меѓу Осогово и Хајдук.

„Со гордост ви соопштувам дека по средбата со претседателот на Хајдук Сплит, Иван Билиќ, се договоривме за пријателски натпревар меѓу Осогово и Хајдук во август 2026 година на нашиот „Никола Мантов“. Во знак на спортско пријателство со претседателот на Хајдук разменивме дресови на двата клуба“, изјави Крстевски.

Во знак на спортско пријателство, Крстевски и претседателот на „Хајдук“, Иван Билиќ, разменија дресови на двата клуба.

Освен спортската соработка, во разговорите беше потврдена и иницијативата за културна и туристичка размена. Веќе во текот на следната година во Сплит ќе се одржат „Денови на кочанскиот ориз“, со што Кочани ќе се претстави пред европската јавност на уникатен начин.

„Ова ќе биде историски настан за Кочани и огромен спектакл за сите што го носат жолто-синиот дух во срцето. Време е Осогово да го добие празникот што го заслужува и да покаже дека е подготвено за ново поглавје. Покрај спортската соработка отворивме врати и за културата и туризмот. Веќе догодина во Сплит ќе се одржат „Денови на кочанскиот ориз“, со што Кочани ќе се претстави пред Европа на најубав можен начин. Драги кочанчани, овој натпревар ќе биде симбол на нов почеток. Заедно да покажеме дека знаеме да го наполниме стадионот, да го кренеме градот и да го вратиме Осогово таму каде што му е вистинското место“, додаде Крстевски.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!