КупФудбал

Познати термините за осминафиналето од Купот на Македонија

Сподели
Сподели

Спортска Мрежа дознава каков ќе биде распоредот за осминафиналните дуели во Купот на Македонија за сезоната 2025/26. Натпреварите ќе се играат во четири различни термини, почнувајќи од 24 септември, па сè до 29 октомври.

Првите два дуели се закажани за 24 септември (среда) од 15:00 часот.

  • ГФК Охрид Лихнидос ќе биде домаќин на Шкупи на стадионот „Билјанини Извори“.
  • Беласица на „Благој Истатов“ во Струмица ќе ја пречека екипата на Детонит Плачковица.

На 8 октомври (среда) во 15:00 часот, на стадионот во Куманово ќе се сретнат Шкендија Арачиново и Пелистер.

Една недела подоцна, на 15 октомври (среда) од 14:30 часот, Шкендија на Градскиот стадион во Тетово ќе игра против Тиквеш.

Завршницата од оваа фаза е закажана за 29 октомври (среда), кога ќе се одиграат дури четири натпревари:

  • Македонија ЃП – Струга Трим Лум (14:00 ч., „Ѓорче Петров“)
  • Вардар – Новаци (14:00 ч., „Тодор Проески“)
  • Башкими – Силекс (14:00 ч., „Башкими“)
  • Работнички – Брегалница (14:00 ч., „Тодор Проески“)

Со тоа, љубителите на фудбалот ќе уживаат во богата програма која ќе донесе нови возбудувања во борбата за Купот на Македонија.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!