Останато

Сензационални победи на Даниела Алексовска и Марко Трајановски за Македонија на најголемиот ММА спектакл во земјава!

Сподели
ФОТО: instagram MMA Federation
Сподели

Пред неколку дена Македонија беше сведок на најголемиот ММА спектакл – Арммадa 14. Во незаборавна атмосфера пред домашната публика, нашите борци испишаа ново поглавје во македонската ММА историја.

Двајцата македонски репрезентативци, Даниела Алексовска и Марко Трајановски, вечерта ја крунисаа со големи победи и покажаа дека Македонија има борци со кои може да се гордее.

Алексовска ја воодушеви арената со сензационална победа уште во првата рунда. Со маестрален арбар ја совлада својата противничка Флацеа Алда од Молдавија. Во последната минута од воведната рунда, таа успеа да ја фати во одличен зафат, од кој Алда немаше излез.

ФОТО:instagram MMA Federation

Во машка конкуренција Марко Трајановски стигна до својата прва полупрофесионална победа со убедлива судиска одлука против Петар Кликовац од Србија. По три целосни рунди во кои Трајановски ја контролираше акцијата и беше доминантен во кафезот, судиите ја доделија заслужената победа на македонскиот борец.

ФОТО: instagram MMA Federation

 Даниела Алексовска веќе активно се подготвува за Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија, кое ќе се одржи на 27 септември, каде повторно ќе има можност да ја претставува Македонија на највисоко ниво. Македонија е горда што има вакви таленти кои нашата држава ја претставуваат на високо ниво.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Македонскиот олимписки комитет оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!