Прва лигаФудбал

Македонија Ѓ.П. и Башкими до три бода, запрена победничката серијата на Силекс во Куманово

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Екипата на Македонија Ѓ.П. дојде до својата втора победа сезонава, совладувајќи ја АП Брера со 2:0 на домашен терен во рамки на 6. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Лавовите“ имаа доминација од самиот почеток, а резултатот го отворија во 17. минута преку Симеон Христов по асистенција на Клинтон. Иако продолжија со нападите, првиот дел заврши минимално 1:0.

Во второто полувреме Брера се обиде да се врати во игра, но исклучувањето на Хасан во 53. минута ја отежна нивната задача. Македонија Ѓ.П. ја искористи бројчаната предност и во 72. минута преку Мартин Талаков ја завери победата со погодок за 2:0. Со овој триумф скопскиот тим стигна до шестиот бод во првенството, додека Брера остана со пет.

Во Куманово, пак, Башкими ја прекина серијата од пет победи на Силекс, славејќи со 2:1 иако повеќе од половина час играше со играч помалку. Домаќините поведоа во 21. минута со голот на Аворнио, а во 53. минута Алексовски зголеми на 2:0.

Фисник Зука во 60. минута доби втор жолт картон и беше исклучен, што Силекс веднаш го искористи за да намали на 2:1 преку Пирес. Гостите до крајот имаа уште неколку добри шанси за израмнување, но голманот Јашар и слабата реализација не дозволија промена на резултатот.

Со овој триумф Башкими ја запиша втората победа на домашен терен, додека Силекс претрпе прв пораз по пет успешни натпревари. Во следното коло Башкими гостува кај Пелистер, а Силекс ќе ја пречека Струга Трим Лум.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!