Ракомет

Браќата Илиевски со нова задача од ЕХФ – ќе судат натпревар во женскиот Европски Куп

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги назначи официјалните лица за натпреварите од второто коло во женскиот ЕХФ Европски Куп, а македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски добија нова меѓународна задача.

Тие ќе ја делат правдата на реванш натпреварот што ќе се одигра во Косово, каде што домашниот тим Шќипоња ќе ја пречека швајцарската екипа Винтертур. Првиот натпревар меѓу овие две екипи ќе се одигра во швајцарски Шафхаузен.

Реваншот е закажан за 4 октомври, со почеток во 18:00 часот, и ќе се игра во спортската сала „Шани Нуши“ во Ѓаковица.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!