Ракомет

Митревски: ,,Треба да ја играме својата игра, па што биде – нека биде! “

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер се подготвува за вториот предизвик во Лигата на шампионите – тешко гостување кај францускиот гигант – ПСЖ.

Голманот Никола Митревски изрази оптимизам пред натпреварот, истакнувајќи дека тимот има висока самодоверба по значајните победи над Вардар и Загреб. Според него, екипата патува во Париз без голем притисок, но со јасна цел – да се прикаже квалитетна игра и да се даде максимумот на теренот.

,, Било каков и да е ПСЖ, се работи за гигантот во спортот и во ракометот. Можеби имаат и најголем буџет во Лигата на шампионите оваа сезона. Ние се подготвуваме гледајќи на самите себе, имаме своја тактика. Подобро е кога се победува, се зголемува самодовербата на играчите, расте психичкиот момент кај секој играч и добро е што ги победивме Вардар 1961 и Загреб и освоивме два бода во ЛШ. Одиме малку порастеретени на гостински терен во Париз. Било која победа или бод освоен во гости добро ќе ни дојде. Не треба уште отсега да правиме калкулации, туку да мислиме натпревар по натпревар. Треба да ја играме својата игра, па што биде – нека биде. “ – изјави Митревски.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер ќе се игра во четврток, во салата „Пјер Де Кубертен“ со почеток во 20:45 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалТрета лигаФудбал

(ФОТО) Фудбалскиот терен во Василево блеска: ФА Христов создава идеални услови за развој на младите фудбалери

Фудбалскиот терен во Василево се наоѓа во одлична состојба и е подготвен да одговори на сите предизвици што ги носи новата натпреварувачка сезона....

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата лига, а раководството на клубот веќе започна со формирање на тим...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!