РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФОТО: Кипар ја доби Македонија У-17 во Радовиш, еден гол го реши мечот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Денеска на Градскиот стадион во Радовиш се одигра пријателски натпревар помеѓу младите репрезентации на Македонија и Кипар (до 17 години), кој заврши со минимална победа на гостите од 0:1.

За жал, натпреварот го одбележа тешката повреда на македонскиот репрезентативец Сонер Рекипи, кој веднаш хоспитализиран во болницата во Радовиш.

Стрелец на единствениот гол беше Кристодоулу Кириакос.

Овие две селекции ќе се сретнат повторно во четврток од 13:00 часот, повторно на градскиот стадион во Радовиш.

Потсетување, на истиот стадион неодамна се одигра и пријателски натпревар на репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина до 19 години.

Тоа беше прво репрезентативно доживување за радовишани по цели 30 години – уште од далечната 1995 година, кога Македонија до 21 година славеше убедливо со 7:2 против Бугарија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!