ИнтернационалциФудбал

Бобан Николов повторно во Романија – потпиша двегодишен договор за Констанца

Сподели
ФОТО:instagram Farul Constanta
Сподели

Македонскиот репрезентативец 31-годишниот Бобан Николов повторно ќе го облече дресот на Констанца – клуб кој се смета за наследник на познатата Академија Хаџи, местото каде што ги направи своите први чекори во интернационалниот фудбал.

По цели 12 години, Николов се враќа „дома“ и потпиша двегодишен договор со романскиот клуб. По разделбата со Борац Бања Лука ова лето, тој ја избра Романија како своја следна дестинација – земја во која остави длабок печат со настапите за неколку клубови, меѓу кои и славната Стеауа (ФЦСБ).

Неговата богата кариера започна во Вардар, а потоа продолжи во унгарскиот МОЛ Фехервар, па повторно во Романија, Лече (Италија) и Босна и Херцеговина. Со искуство собрано на повеќе европски терени, Николов ќе биде значајно засилување за амбициозниот состав на Констанца.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Македонскиот олимписки комитет денеска оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт федерација (IESF), предводена од претседателот Влад Маринеску, на која беа...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг пред утрешниот предизвик во младинската Лига на шампиони. Струмичани утре ќе...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!