Останато

Македонските биатлонци со 5 медали на регионалниот куп во Сјеница, Србија

Сподели
Сподели

Викендов во Сјеница, Србија се одржа Летниот регионален куп во биатлон, на кој учество зедоа екипи од Македонија, Србија, Грција, Босна и Херцеговина, Бугарија и Либан.

Нашите биатлонци остварија одличен настап и се закитија со вкупно пет медали на натпреварите во дисциплините спринт и скратен индивидуал. Во сениорска конкуренција Павле Коруноски двапати се искачи на победничкиот подиум освојувајќи две бронзи. Кај јуниорите, Благоја Најденоски освои сребро и бронза, додека во најсилната конкуренција на помладите јуниори, Петар Гиноски се закити со сребрен медал.

Солидни резултати постигна и Тео Петрушу, кој во спринтот заврши на петтото место, а добри настапи забележаа и младите репрезентативци Душан Божиноски, Александар Јорданоски и Илија Христоски. Нардени натпревари од регионалниот куп ќе бидат во Романија од 18 до 21 Септември.

Со овие резултати, македонските биатлонци уште еднаш потврдија дека успешно се натпреваруваат на регионално ниво и имаат потенцијал за уште поголеми достигнувања во иднина.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа на Европското првенство, со што остана без шанси за пласман во...

Поврзани написи
Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

Останато

Калин Митевски двоен победник на МТП Опен 2026

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП Опен 2026, турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!