Прва лигаФудбал

Битола во очекување на првиот домашен настап на Пелистер – трите бодови се цел против Арсими

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По четири одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига, Пелистер конечно ќе ја има првата можност да се претстави пред својата публика на стадионот „Петар Милошевски“. Битолчани во рамките на петтото коло го пречекуваат новиот прволигаш Арсими, екипа со која имаат позитивна традиција од пониските рангови.

Во Втората лига, во сезоните 2022/23 и 2023/24, „зелено-белите“ имаа три победи и едно реми против истиот противник, што создава дополнителен оптимизам кај навивачите кои првпат сезонава ќе имаат прилика да ги бодрат своите миленици под ридот Тумбекафе.

„Ова ни е прв натпревар на домашен терен во новата сезона, а дополнителен мотив е вечерниот термин. Арсими е добар тим и сака да се надигрува, но ние очекуваме поддршка од нашите навивачи и полн стадион кој ќе заблеска по неодамнешните инвестиции. За битолската публика сѐ освен три бода ќе биде неуспех, а истото го прифаќаме и ние како играчи. Ветуваме дека ќе го дадеме максимумот, ќе го оставиме срцето на терен и ќе ги освоиме трите бода,“ рече фудбалерот на Пелистер, Александар Ристевски.

Тренерот Димитар Капинковски, пак, предупредува на внимателност и респект кон противникот.

„Арсими е нов прволигаш кој се засили со искусни играчи со значајно искуство во нашиот фудбал. Поминаа веќе четири кола и веќе имаме јасна слика дека тоа е тим што заслужува респект – сакаат да се надигруваат и играат допадлив фудбал. Имаат тесни резултати, две нерешени средби и минимални порази од Силекс и Струга, поради што не смеат да се потценат. Сакаат да играат отворен фудбал, но ние ќе се фокусираме на нашата игра. Првпат сезонава ќе играме во Битола пред домашната публика и се надеваме на добра посетеност, силна поддршка и да ги задоволиме вкусовите и очекувањата за еден квалитетен натпревар,“ изјави Капинковски.

Досегашните меѓусебни дуели на Пелистер и Арсими секогаш донесувале голови, а таков беше случајот и со првите четири натпревари од ова коло во ПМФЛ, во кои фаворитите славеа на домашен терен. Пелистер моментално има шест бода (две победи и два пораза) и со триумф би се приближил кон водечките позиции, додека Арсими го бара првиот прволигашки триумф, по освоените два бода против Шкендија и Башкими.

Дуелот меѓу Пелистер и Арсими ќе започне во 19:00 часот, како последен од петтото коло, по средбата во 15:30 часот меѓу Струга и Тиквеш.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и со убедливи 6-0 го совладаа тимот на Шкупи, продолжувајќи ја победничката...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига...

Прва лигаФудбал

Ислами: За Шкендија секој меч до крајот е како финале

По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!