Прва лигаФудбал

Силекс перфектен со пет од пет, Брера со прва победа во сезоната

Сподели
Сподели

Вчера во Првата македонска фудбалска лига се одиграа два натпревари со различна тежина и емоции – Силекс ја продолжи перфектната серија со петта победа по ред, а Брера стигна до својата прва радост во новата сезона.

Во Кратово, Силекс беше поуспешен од Работнички со 3:1 и уште еднаш ја потврди одличната форма на стартот од шампионатот. Кратовци поведоа во 43. минута кога Хрвановиќ со удар со глава ја затресе мрежата на Василев. Во второто полувреме, Алиќ зголеми на 2:0, а Работнички се врати во игра преку Асани кој реализираше пенал во 79. минута по ВАР-интервенција. Сепак, конечните 3:1 ги постави Давид Матески во завршницата, повторно со потврда од ВАР собата. За „црвено-белите“ ова е петта победа од исто толку натпревари – максимален ефект кој ги држи на врвот на табелата.

Во Струмица, пак, АП Брера го совлада Шкупи со 1:0 и дојде до првиот триумф во Прва лига. Борбената средба беше решена во 85. минута кога Кире Стојанов успеа да се ослободи од чуварот и да погоди во спротивниот агол. Првично голот беше поништен поради офсајд, но по долга проверка во ВАР собата, погодокот беше признат, па домаќините конечно се израдуваа на првата победа оваа сезона.

Со овие резултати, Силекс останува лидер со максимален учинок, додека Брера со победата добива дополнителен елан за продолжението од првенството.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Три победи и само еден загубен сет: Штип УГД вечерва ја брани серијата против Работнички

Штип УГД вечерва има можност да го продолжи беспрекорниот првенствен почеток. Во салата „Џексон“, од 19 часот, штипските одбојкари го пречекуваат Работнички 71&22...

Останато

Јовановски и Деспотовски на 40. Конгрес на ФИВБ во Доминиканска Република

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, и генералниот секретар Филип Деспотовски ќе учествуваат на 40. Конгрес на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ),...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера како апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Кочани, Скопје ќе го пречека Вардар

Викендот со мечевите од 14. коло завршува есенската полусезона во Првата женска...

Прва лигаФудбал

Лидерот Струга гостува во Штип, дерби на Вардар и Тиквеш, Силекс ќе бара бодови против Шкендија

Репрезентативната пауза заврши, фокусот е на 14. коло од Првата македонска фудбалска...

Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!