Прва лигаФудбал

Работнички со нов тренер и засилувања во обид да го запре Силекс

Сподели
Сподели

По четири кола и максимални 12 бода, Силекс ќе биде домаќин на Работнички во Кратово, во натпревар кој за „романтичарите“ доаѓа во момент на промени и обиди за нов почеток.

Во текот на репрезентативната пауза, клубот од „Градски парк“ назначи нов шеф на стручниот штаб – Турчинот Алпарслан Ердем, кој го наследи Бојан Маркоски. Освен тоа, беа донесени и неколку засилувања: Демир Имери од Шкупи, младинскиот репрезентативец Димитар Трајков (позајмица од Полисја – Украина) и Белул Елмазоски за офанзивната линија.

Офанзивецот Кристоџеј Далеј е свесен за тежината на гостувањето, но верува во подобар Работнички.

„Силекс е квалитетен тим, и секако не е лесно да се игра во Кратово. Но, ние работевме добро во овој изминат период, имаме нов тренер и неколку нови фудбалери и ќе се обидеме да стигнеме до позитивен резултат“, вели Далеј.

Работнички одигра само три натпревари во досегашниот тек на Првата лига, со оглед дека мечот против Шкендија е одложен, а има освоено еден бод и сѐ уште е без постигнат погодок. Во Кратово ќе има тешка задача да му стави крај на перфектниот старт на домаќинот.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум убедлива против Скопје, Шкендија и Вардар ремизираа во дербито во Гостивар

Струга Трим Лум забележа убедлива победа од 4-0 над Скопје во првиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!