РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку, Азербејџан. Во премиерниот натпревар на турнирот, избраниците на селекторот Горан Станковски ја совладаа Панама со убедливи 4:1.

Македонските фудбалски надежи одиграа квалитетен натпревар и со четири постигнати гола заслужено стигнаа до првите три бода на шампионатот.

Најрасположен за игра беше Фисник Амити, кој двапати се запиша во листата на стрелците, додека по еден погодок постигнаа Доротеј Христов и Стефан Стојаноски.

Селекторот Горан Станковски на овој дуел се одлучи за следниот почетен состав: Марио Стојковски, Јетмир Асани, Дин Рожајац, Стефан Арсов, Давор Таневски, Јоан Ѓорѓиевски, Доротеј Христов и Јован Јанчевски.

Светското првенство во форматот 7+1 е дел од проектот на ФИФА насочен кон развој на младинскиот фудбал и стекнување меѓународно искуство кај младите играчи. Натпреварите се играат со седум фудбалери во поле и еден голман, а времетраењето е 40 минути, поделени во две полувремиња од по 20 минути.

Македонија во продолжението од групната фаза ќе се соочи со селекциите на Чад, Кенија, Малта и Нигер, во обид да обезбеди пласман во нокаут-фазата на турнирот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Милованова: Против Естонија одиме само напред со желба за успех!

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги продолжува настапите во ноемврискиот циклус...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Митрева: Верувам дека ова е само почеток на нешто убаво и дека најдоброто допрва доаѓа!

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија се врати од Букурешт, каде што...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски ги откри картите за Шкотска: Македонија со офанзивно трио на „Хампден парк“

Познати се стартните состави за вечерашната пресметка меѓу Шкотска и Македонија во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!