Ракомет

Пионерите на Младост 1977 од Богданци доминираат во лигата: Пет натпревари, пет победи!

Сподели
Сподели

Пионерскиот тим на РК Младост 1977 од Богданци игра одлично во Пионерската ракометна лига. По пет одиграни кола, младите ракометари имаат максимален ефект од пет победи и вкупно десет бодови, потврдувајќи дека се меѓу најдобрите екипи во својата конкуренција.

Младите ракометари на Младост 1977 ја започнаа сезоната со победа над Феникс со убедливи 7:23. Во второто коло, на домашен терен, беа подобри и од МРК Куманово, совладувајќи го со 24:11.

Успешната серија продолжи и во третото коло, кога богданчани славеа на гостувањето кај Либра во Валандово со 12:29. Во четвртото коло, пред својата публика, забележаа уште една убедлива победа, овојпат над Вардар со 28:16.

Петтата победа пристигна во последното одиграно коло, кога Младост 1977 на гостински терен го совлада Илинден Вардар со 16:25. Со тоа, пионерите од Богданци ја продолжија својата победничка серија и по пет натпревари остануваат без пораз.

Овие млади ракометни надежи се вистинска гордост за клубот и за Далибор Лукуќ и Никола Роглев. Станува збор за деца кои потекнуваат од сопствената ракометна школа на РК Младост 1977, а доаѓаат од Богданци, Дојран и Стојаково. Нивните настапи и резултати се потврда за посветената работа со младите категории и потенцијалот што го поседуваат.



Од клубот порачуваат дека вратите на РК Младост 1977 се отворени за сите дечиња од овој крај кои сакаат да започнат да тренираат ракомет и да станат дел од клубот.

Со максимални десет бодови по пет кола, пионерите на Младост 1977 испраќаат јасна порака дека Богданци има со што да се гордее. Ракометните бисери допрва треба да го покажат својот потенцијал, а нивните досегашни резултати се најдобра најава за иднината на клубот и ракометот во овој регион.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!