Останато

Ѓорческа во полуфинале на турнирот во Букурешт

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи на романска земја и обезбеди пласман во полуфиналето на W75 турнирот во Букурешт. Во четвртфиналниот меч таа ја совлада Финката Лаура Хиетаранта со сигурни 2-0 во сетови (6-3, 6-3), меч кој траеше околу два часа.

Ѓорческа, која е поставена за четврта носителка, во првиот сет направи три брејка и од резултат 3-3 со серија од три добиени гема стигна до 6-3 и водство во сетови. Во вториот сет противничката тргна подобро и поведе со 2-0, но Лина брзо ја презеде контролата и со агресивна игра освои шест од следните седум гема за конечни 6-3.

За место во финалето Ѓорческа ќе се сретне со првата носителка Деспина Папамихаил од Грција, која во три сета (4-6, 6-3, 7-5) ја елиминира Романката Марија Попа. Во меѓусебните пресметки македонската тенисерка води со 3-1 во победи, а последниот дуел го доби минатиот месец во Куршумлијска Бања.

Турнирот во Букурешт се игра за награден фонд од 60.000 американски долари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Останато

Работнички го „збриша“ штипски Младост УГД со максимален ефект, Наковски Волеј ја доби Јанта Волеј

Стартуваше полуфиналната борба за шампионската титула во Првата одбојкарска лига на Македонија...

Останато

Ѓорческа елиминирана во Порторож, Завацка убедлива во два сета

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порторож,...

Останати репрезентацииОстанато

Контроли со Косово пред Европската лига: Новиот селектор Гавриловиќ ја закажа прозивката

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата...

Останато

Штип УГД го „збриша“ ГОК Борец – „четата“ на Кристиан Ристески блиску до голема историја!

Одбојкарите на Штип УГД со убедлива победа од 3-0 во сетови над...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!