Прва лигаФудбал

Мирчевски: „Секогаш целта на Силекс е победа, без разлика на противникот“

Сподели
Сподели

Силекс со максимален ефект влегува во петтото коло од Првата лига – четири победи од четири натпревари, 12 освоени бодови, гол-разлика +12 и без примен погодок. Денеска (15:30 ч.) кратовци ќе бидат домаќини на Работнички, кој во првите три кола освои само еден бод, па овој меч носи големи очекувања кај домашната публика.

Напаѓачот на Силекс, Мартин Мирчевски, е уверен дека тимот е подготвен да ја продолжи серијата.

„На секој натпревар излегуваме на терен да дадеме се од себе и да победиме. Тоа е секогаш целта на Силекс, без разлика кој ни е противник“, рече Мирчевски.

Тој додаде дека акцентот е ставен исклучиво на играта на неговиот тим.

„Искрено, не би можел да кажам што би сменил новиот тренер кај Работнички. Посакувам само ние да сме во вистинското светло, па се надевам дека тоа ќе биде доволно за триумф. Посакувам еден убав меч во кој ќе победи подобриот противник. Задоволни сме од тоа како ја започнавме сезоната. Имаме одлични четири победи од исто толку натпревари, и сето тоа е мотив за нас да ја задржиме оваа победничката серија што е можно подолго“, изјави Мирчевски.

Со ваква форма, Силекс влегува како голем фаворит против „романтичарите“, кои ќе се обидат да изненадат и да го прекинат перфектниот старт на кратовци.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид убедлив против Прилеп, „гладијаторите“ со полна пареа кон Вардар

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи на домашен терен. „Гладијаторите“ вечерва ја забележаа третата победа пред своите навивачи, откако во рамките на четвртото...

Ракомет

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј Македонија“

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј МакедонијаМакедонската женска ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на турнирот „Трофеј Македонија“,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

КупФудбал

КУП: Дерби на Саса и Скопје, Истатов со Ржаничино, Љуботен кај Билјанини Извори, Вардар против Пелистер

Денес беа одредени паровите за осминафиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!