Прва лигаФудбал

ФК Пелистер остана без капитенот Ивановски за дерби-натпреварите!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Тренерот на Пелистер, Димитар Капинковски, доби непријатна вест пред продолжението на македонскиот шампионат. Капитенот на тимот, Мирко Ивановски, поради повреда на листот, ќе биде надвор од терените во следните неколку недели.

Ивановски не настапи на гостувањето против Ѓорче Петров, а на тренингот по мечот се повреди дополнително, што значи дека ќе ги пропушти и важните натпревари со Арсими, Работнички и Башкими. Неговото отсуство е голем удар за Пелистер, бидејќи капитенот е клучен играч во дефанзивата и лидер на теренот.

Тренерот Капинковски ќе мора да бара нови решенија за составот, а замена за Ивановски најверојатно ќе бидат помладите играчи од тимот, кои ќе добијат шанса да покажат дека можат да ја носат играта и да ја поддржат битолската екипа во предизвикувачките натпревари што следуваат. Следното коло Пелистер го игра дома со Арсими во недела со почеток од 19:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од Македонската фудбалска лига. Фудбалерот на Охрид...

Останато

Ален Рустемовски запрен во полуфиналето, но се враќа со бронза од ЕП во Софија

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство во бокс во Софија, откако во полуфиналната борба беше...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето...

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во...

КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!