ИнтернационалциФудбал

Мартин Ѓоргиевски го започнува првиот меѓународен трансфер – потпиша за Збројовка Брно!

Сподели
ФОТО: instagram FC Zbrojovka Brno
Сподели

Младиот фудбалски талент, 20-годишниот Мартин Ѓоргиевски, ја продолжува својата кариера во Чешка. Играчот за врска потпиша повеќегодишен договор со второлигашот Збројовка Брно, каде ќе се обиде да направи чекор напред во својата професионална кариера.

Ѓоргиевски е производ на младинската школа на Академија Пандев (Брера Струмица) и на само 16 години го имаше своето деби во ПМФЛ, што го прави еден од најталентираните млади играчи во Македонија. Во текот на пет сезони за струмичкиот клуб одигра 84 натпревари, постигна 13 гола и запиша 12 асистенции, а со својата креативност и играчки квалитети се истакна како клучен член на тимот.

Покрај клубските успеси, Ѓоргиевски е и стандарден член на македонската репрезентација до 21 година, а претходно ги помина сите младински категории од У16 до У21, покажувајќи континуиран напредок и конзистентност на национално ниво. Со овој трансфер, Ѓоргиевски добива шанса да се докаже и на меѓународната сцена, а со тоа и да го зголеми својот потенцијал за идни повици во сениорската репрезентација на Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во...

Трета лигаФудбал

Лирија го доби Љуботен, Доброште со убедлива победа до три бода

Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во...

КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!