Прва лигаФудбал

Силекс со четири нови засилувања за продолжение на сезоната

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

ФК Силекс во завршницата на летниот преоден рок официјално ги претстави новите засилувања кои ќе бидат дел од тимот за престојната натпреварувачка сезона.

На десната страна во одбраната пристигнува Лука Јакимовски, 20-годишниот бек кој доаѓа од редовите на Вардарски. На голманската позиција конкуренцијата ќе ја засили Кристијан Ѓорѓиевски, 22-годишник кој пристигна од Вардар Неготино, а за што веќе објави Спортска Мрежа. Средниот ред ќе добие дополнителна стабилност и креативност со Стојче Стојов (24) од Осогово, додека последно име во новата четворка е Зоран Андонов (25) од Брера Струмица – играч кој може да покрие повеќе странични позиции во нападот и одбраната.

Силекс ја отвори новата сезона во Првата лига на вистински начин – со максимални четири победи од четири одиграни натпревари. Кратовци во моментов имаат одлична форма, а новите засилувања дополнително ја зголемуваат длабочината на ростерот на тренерот.

Во рамки на 5. коло, викендов на домашен терен во Кратово ќе гостува Работнички, во дерби дуел кој може да биде нов тест за амбициите на тимот оваа сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во...

КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!