Останато

Лина Ѓорческа со голем триумф во првото коло во Букурешт

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со победа го отвори настапот на ИТФ турнирот од серијата W75 што се игра во Букурешт. Во исцрпувачки меч кој траеше дури 170 минути, Ѓорческа ја совлада домашната тенисерка Георгиа Крачун со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 7-5). Турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа одлично го започна дуелот и со сигурна игра во клучните поени успеа да го освои првиот сет со 6:4. Во вториот сет Крачун возврати со агресивна игра и по неколку решавачки гема го доби сетот со ист резултат 6:4, израмнувајќи на 1-1.

Третиот сет беше вистинска драма. Ѓорческа поведе со 3:0, но ривалката се врати и израмни на 3:3. Македонката повторно создаде предност од 5:3, Крачун пак израмни на 5:5, но во завршницата Ѓорческа ја покажа поголемата ментална стабилност и ги освои следните два гема за конечни 7:5 и заслужена победа.

Со овој триумф, Ѓорческа се пласира во второто коло каде ќе се сретне со Италијанката Ноеми Бастилети, која по голема борба со 2-1 во сетови ја совлада сонародничката Лаура Маир.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако официјално го продолжи договорот со Сомбатхељи за сезоната 2026/27. 22-годишната пикерка...

Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на 5. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) загуби од тимот на...

Поврзани написи
Останато

Капитенот Никола Ѓоргиев со Карловарско во финале, Ристо Николов стави крај на кариерата

Капитенот на машката сениорска репрезентација, Никола Ѓоргиев, со својот Карловарско обезбеди пласман...

Останато

Јошко Миленкоски ја собира репрезентацијата порано – старт на подготовките на 6 мај во Крушево

Подготовките на машката сениорска репрезентација на Македонија за настапот во Европската лига...

Останато

Македонските тенисерки поразени од Австрија во БЏК купот

Женската тениска репрезентација на Македонија со пораз од 2:0 од Австрија го...

Останато

Ѓорческа поразена во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!