Тоа што го најави претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Кочани, Александар Андов во гостувањето во Спортска Мрежа Podcast се потврди – Кочани доби футсал клуб откако се формираше Фудбал Старс – Аутовелт.
На овој начин се враќа уште еден спорт во Кочани, а со тоа спортот станува побогат за нов клуб, а зад истиот застанува компанијата Аутовелт.
“Како претседател на ОФС – Кочани ми претставува голема чест и задоволство што присуствував на промоцијата на новиот клуб КМФ „Фудбал Старс – Аутовелт“ – Кочани. Во зимскиот период не очекува возбуда и фудбалска магија во сала. Горди сме што нашето фудбалско семејство расте и се потврдува дека сме на вистинскиот пат” вели Андов.
Спортска Мрежа го најави враќањето на футсалот во Кочани пред околу еден месец, а денес и официјално клубот беше формиран и ќе започне со натпреварување во Втората футсал лига.
- ГОСТУВАЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР АНДОВ ВО СПОРТСКА МРЕЖА PODCAST И НАЈАВАТА ЗА ФУТСАЛ КЛУБОТ ВО КОЧАНИ
Во Истокот футсал се игра во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Кратово, а сега и Кочани се враќа на футсал картата на Македонија.
Тренер на новиот футсал клуб ќе биде Симеончо Митев, а тренинзите ќе се реализираат во спортската сала „Кочанските Ангели“.