Прва лигаФудбал

Марио Станковски е ново засилување за Шкупи

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Фудбалскиот клуб Шкупи доби значајно засилување во офанзивната линија со ангажманот на искусниот напаѓач Марио Станковски. Поранешниот играч на Работнички и Македонија Ѓорче Петров официјално е претставен како нов фудбалер на чаирскиот прволигаш и ќе биде еден од носителите на играта во тековната сезона.

Станковски, кој има 27 години, е дете на Работнички, клуб во кој ги направи своите први фудбалски чекори и ја носеше капитенската лента. Во својата кариера настапуваше и за Саса, Гостивар, Борец, Тиквеш, Тетекс, како и за Триглав од Словенија, каде што помина една полусезона во 2023 година.

Тој е син на поранешниот македонски репрезентативец Горан Станковски, кој остави длабока трага во домашниот фудбал, а семејната традиција продолжува и со неговиот брат Лука Станковски, кој неодамна го постигна својот прв гол за македонската репрезентација.

Шкупи, кој се соочува со турбулентна сезона и големи организациски предизвици, очекува токму искуството на Станковски да донесе стабилност и офанзивна сила во борбата за задржување на прволигашкиот статус.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!