Втора лигаФудбал

ФОТО: Дуков херој на радовишани, Беласица со „лото“ победа, Преспа со „петарда“ за Победа!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Третото коло од Втората македонска фудбалска лига донесе вистински голеади и драматични моменти, откако на седум натпревари беа постигнати вкупно 29 погодоци.

Детонит Плачковица со минимална, но голема победа

Во Радовиш, Детонит Плачковица ја совлада Слога Виница со минимални 1:0, благодарение на голот на Сашо Дуков. Натпреварот беше израмнет и полн со неизвесност, а двата тима пропуштија по неколку изгледни шанси за гол.

ФОТО: Спортска Мрежа

Преспа ја декласира Победа со „петарда“

Преспа стигна до првата сезонска победа со убедлив 5:0 триумф над Победа. Херој на мечот беше Давид Карамачоски, кој постигна хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа и новото засилување Амир Фејзулаи и искусниот Нико Пластиновски.

Охрид го скрши отпорот на Осогово

На „Билјанини Извори“, Охрид во вториот дел успеа да го скрши отпорот на Осогово и да слави со 2:0. Искусниот Антонио Каланоски го отвори резултатот во 55. минута, а Иван Глигоров во 84. минута ги постави конечните 2:0. За „жетварите“ од Кочани ова беше прв пораз сезонава.

Беласица со највисока победа сезонава

Беласица ја забележа најубедливата победа во новата сезона, откако на гостувањето кај Големо Коњари славеше со 1:7. Резултатот го отвори Бојан Спиркоски од пенал, а новото засилување на струмичани постигна хет-трик и блесна на теренот.


Домашниот тим успеа да израмни на 1:1 преку Илчо Митрески, но автоголот на Михо Андреевски донесе ново водство за Беласица пред полувреме. Во продолжението, Александар Коцев погоди двапати, Спиркоски го заокружи својот втор погодок, а Александар Милушев во 83. минута ја потврди убедливата победа.

Драма на „Железарница“ – Дани спасител на Шкендија Арачиново

На стадионот „Железарница“ беше вистински трилер. Скопје водеше со 2:0 со головите на Виктор Ангелов и Александар Богданоски, но Шкендија Арачиново успеа да се врати.

Александар Ѓорѓиески намали на 2:1 во 63. минута, а во 90. минута херојот Мргим Дани постигна гол за конечни 2:2 и поделија бодови.

Кожуф блеска, Саса под притисок

Кожуф продолжува со одличните партии и на гостувањето кај Каменица Саса славеше со 1:3. Фантастичен гол на Петар Гугуљанов во 28. минута го отвори резултатот, а Веби Ислами, новото засилување на гевгелчани, со два брзи гола до полувреме го зголеми водството на 0:3.

Во вториот дел, Андреј Симевски успеа да го ублажи поразот, но Саса останува во долниот дел на табелата и предводството на тренерот му следуваат тешки предизвици.

ФОТО: Спортска Мрежа

Новаци со важна победа над Вардар Неготино

Новаци славеше важна домашна победа над Вардар Неготино со 3:2. Новиот генерален спонзор Евротип веќе внесува свежина во клубот, а тимот на Дарко Крстески одигра офанзивно и ефикасно.

Стефан Јовановски погоди од пенал во 32. минута, а Антонио Марцевски зголеми на 2:0 пред полувремето. Во вториот дел, повторно Јовановски стрелаше за високи 3:0, но гостите не се предадоа.


Ѓорѓи Шишков намали на 3:1, а Насаф Шабанов од пенал во 82. минута донесе неизвесност за крајните 3:2. Во 93. минута, домашниот играч Блаже Ставров заработи втор жолт картон и беше исклучен.

Комплетирање на колото

Третото коло ќе биде комплетирано во понеделник со дербито меѓу Брегалница и Тетекс, кое ќе се игра во Штип.

ФОТО: Спортска Мрежа | Иван Настевски и Тони Мирчевски во дресот на Слога Виница
  • ЦЕЛОСНА ТАБЕЛА ВО ВТОРАТА ЛИГА НА СПОРТСКА МРЕЖА:

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК БЕЛАСИЦА АД 🔼 3 2 1 0 11 4 +7 7
2 ЗФК Шкендија Арачиново 77 🔽 3 2 1 0 7 3 +4 7
3 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 🔼 3 2 1 0 5 1 +4 7
4 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 🔼 3 2 0 1 7 3 +4 6
5 ЗФК НОВАЦИ 2005 🔼 3 2 0 1 5 4 +1 6
6 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 🔽 2 1 1 0 2 0 +2 4
7 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 🔼 3 1 1 1 4 3 +1 4
8 ГФК ОСОГОВО 🔽 3 1 1 1 3 3 0 4
9 ФК СКОПЈЕ АД ➖ 3 1 1 1 5 5 0 4
10 ФК СЛОГА 1934 🔽 3 1 0 2 5 3 +2 3
11 ФК ПРЕСПА 🔼 3 1 0 2 5 5 0 3
12 ФК ТЕТЕКС 1953 🔽 2 1 0 1 4 4 0 3
13 ГФК ВАРДАР Неготино 🔽 3 1 0 2 4 6 -2 3
14 ФК КАМЕНИЦА САСА 🔽 3 0 2 1 4 6 -2 2
15 ФК ПОБЕДА АД 🔽 3 0 1 2 2 9 -7 1
16 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ ➖ 3 0 0 3 2 16 -14 0


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Илами Исејни го објави списокот на македонската репрезентацијата до 17 години

Селекторот на националниот тим до 17 години, Илами Исејни го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за настап на контролните...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Костадинов: Мора да го дадеме максимумот на секој натпревар и мислам дека ќе се покажеме во добро светло

Македонската репрезентација го отвора циклусот во Лига Б со натпревар против Швајцарија на 26 септември во Скопје. По премиерата на домашен терен, избраниците...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија лидер, Брегалница скокна на шестото место, Силекс седми, Скопје на дното

Вчера во Штип беше комплетирано осмото коло од Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Голем влог во Радовиш и Тетово: Кој ќе слави и кој ќе направи скок на табелата?

Денес ќе биде комплетирано второто коло во Втората македонска фудбалска лига со...

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!