Останато

Јошко Миленкоски ја доби наградата за животно дело за исклучителен придонес во спортот

Сподели
ФОТО: Министерсто за спорт
Сподели

Министерството за спорт на Република Македонија денеска ги додели државните награди „8 Септември“ на спортските дејци кои со својата работа оставиле значителен белег во развојот и промоцијата на македонскиот спорт. Церемонијата се одржа во просториите на Собранието, каде наградите им беа врачени на заслужните спортски личности.

Највисокото признание – награда за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот и афирмацијата на земјата на меѓународната сцена, му беше доделено на Јошко Миленкоски. Актуелниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација е поранешен врвен одбојкар, универзитетски професор и долгогодишен тренер со богато домашно и меѓународно искуство. Наградата му ја врачи министерот за спорт, Борко Ристовски.

Покрај Миленкоски, државната награда „8 Септември“ и плакети добија уште четворица заслужни спортисти:

  • поранешниот борец и спортски работник Хамид Бакија,

  • поранешниот истакнат фудбалски судија Зоран Николовски,

  • спортскиот доктор кој повеќе од четири децении работеше во македонската кошарка, Виктор Тевчев,

  • и спортскиот новинар со над шест децении искуство, Кирил Манев.

Со ова признание, Министерството за спорт ја потврдува својата посветеност кон вреднувањето на луѓето кои го градат македонскиот спорт и оставиле траен печат во неговата историја.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Останато

Работнички го „збриша“ штипски Младост УГД со максимален ефект, Наковски Волеј ја доби Јанта Волеј

Стартуваше полуфиналната борба за шампионската титула во Првата одбојкарска лига на Македонија...

Останато

Ѓорческа елиминирана во Порторож, Завацка убедлива во два сета

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порторож,...

Останати репрезентацииОстанато

Контроли со Косово пред Европската лига: Новиот селектор Гавриловиќ ја закажа прозивката

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата...

Останато

Штип УГД го „збриша“ ГОК Борец – „четата“ на Кристиан Ристески блиску до голема историја!

Одбојкарите на Штип УГД со убедлива победа од 3-0 во сетови над...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!