Втора лигаФудбал

Трансфер-бомба: Искусниот Николче Шаркоски го засили второлигашот Кожуф

Сподели
Сподели

Второлигашот Кожуф од Гевгелија доби големо засилување за новата сезона. Во редовите на тимот на тренерот Иван Варадиновски пристигна искусниот прилепски фудбалер Николче Шаркоски, кој ја продолжува својата кариера во јужниот второлигаш.

31-годишниот офанзивец се раздели со Вардар откако му истече договорот, а во новата средина ќе се обиде да ја пренесе својата богата прволигашка искуственост и да му помогне на Кожуф во остварување на амбициите.

Шаркоски во Вардар пристигна во јули 2024 година, откако претходно една сезона настапуваше за Воска Спорт, а претходно двапати го носеше дресот на Работнички. Во својата кариера беше дел и од Брера Струмица, како и од Победа во периодот од 2014 до 2018 година, додека првите професионални настапи ги имаше во тимот на 11-ти Октомври од Прилеп.

Со Вардар минатата сезона го освои Купот на Македонија, а за најтрофејниот клуб одигра 15 натпревари во шампионатот и постигна еден гол, додека во Купот настапи на три меча и забележа една асистенција.

Во својата досегашна прволигашка кариера, Шаркоски има одиграно 215 натпревари, постигнувајќи 27 голови и додавајќи 22 асистенции. Со своето искуство и квалитет, се очекува да биде значајно засилување за Кожуф во борбата за врвот на табелата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Пелистер ја врати неизвесноста во групата: по Гумерсбах, следува директен дуел со Гдањск

Победата над Гумерсбах со 29:28 ја промени европската перспектива на Еурофарм Пелистер. Битолчани стигнаа до три бода, а германскиот состав остана на четири...

Ракомет

Еден бод разлика: Алкалоид го чека Еурофарм Пелистер во Автокоманда

Алкалоид и Еурофарм Пелистер вечерва од 18 часот во салата Автокоманда ќе одиграат дерби што може да го промени распоредот веднаш зад водечкиот...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера како апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Кочани, Скопје ќе го пречека Вардар

Викендот со мечевите од 14. коло завршува есенската полусезона во Првата женска...

Прва лигаФудбал

Лидерот Струга гостува во Штип, дерби на Вардар и Тиквеш, Силекс ќе бара бодови против Шкендија

Репрезентативната пауза заврши, фокусот е на 14. коло од Првата македонска фудбалска...

Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!