Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Вардар донесе две големи засилувања од Црна Гора – Савовиќ и Радевиќ ја засилуваат црвено-црната армија!

Сподели
Сподели

ЖФК Вардар продолжува со создавање на конкурентен состав за својата прва историска сезона во Првата женска фудбалска лига. Клубот од Скопје денес го претстави своето најново двојно интернационално засилување од Црна Гора – Анџела Савовиќ и Јелена Радевиќ.

21-годишната Савовиќ, која игра на позицијата лево крило, е позната по својата брзина, експлозивност и креативност во нападот. Со нејзината енергија, Вардар добива играчка која може да прави разлика во офанзивата и да донесе дополнителна свежина во напаѓачката линија.

Одбраната, пак, ја засилува 19-годишната Јелена Радевиќ, искусна штоперка која важи за цврста и сигурна играчка. Со својата стабилност, лидерство и добар тајминг во дуелите, таа ќе биде клучен дел од дефанзивната структура на тимот.

Со овие трансфери, црвено-црните ја заокружуваат стратегијата за засилување на сите линии во составот. Претходно, Вардар веќе промовираше уште три нови имиња – Јована Најдановиќ од Србија, Љубица Асановиќ од ЖФК Истатов и Александра Јовановска од ЖФК Љуботен – за што Спортска Мрежа веќе најави и објави детали.

Со пет нови засилувања и комбинација од младост и искуство, ЖФК Вардар влегува во сезоната со големи амбиции и јасна цел – да биде сериозен конкурент уште во својата дебитантска година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!