Ракомет

ФОТО: РК Куманово се враќа дома – новата сезона започнува во реновираната Спортска сала

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна согласност!
Сподели

Големи вести за љубителите на ракометот во Куманово! По повеќегодишно отсуство, ракометниот клуб Куманово своите натпревари повторно ќе ги игра во легендарната Спортска сала Куманово, која неодамна доби целосно реновиран и модерен изглед.

Салата, изградена во 1980 година и со капацитет од 4.150 гледачи, е вистински храм на спортот во градот. Токму тука, тогашниот Шевро Куманово го освои првиот ракометен Куп трофеј на Македонија по осамостојувањето, што ја прави оваа арена место со посебно значење за кумановскиот спорт.

Новата сезона во машката Супер лига започнува во сабота, кога Куманово ќе го пречека РК Радовиш на домашен терен. Натпреварот ќе се игра со почеток од 19:00 часот, а влезот за сите љубители на спортот е слободен.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна согласност!

„Цела сезона ќе играме во реновираната сала, што ќе биде дополнителен мотив за ракометарите. Ве повикуваме да дојдете и да бидете нашиот плус играч на теренот за да започнеме со победа“, истакнаа од клубот.

Со подобрени услови, модернизација и поголем капацитет за публиката, Куманово оваа сезона очекува вистинска спортска фешта и максимална поддршка од домашните трибини.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна согласност!
Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Јовановски и Деспотовски на 40. Конгрес на ФИВБ во Доминиканска Република

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, и генералниот секретар Филип Деспотовски ќе учествуваат на 40. Конгрес на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ),...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за настап на квалификации за ЕП

Селекторот на женската репрезентација до 19 години, Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки кои се во конкуренција за настап на квалификацискиот турнир...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер ја врати неизвесноста во групата: по Гумерсбах, следува директен дуел со Гдањск

Победата над Гумерсбах со 29:28 ја промени европската перспектива на Еурофарм Пелистер....

Ракомет

Еден бод разлика: Алкалоид го чека Еурофарм Пелистер во Автокоманда

Алкалоид и Еурофарм Пелистер вечерва од 18 часот во салата Автокоманда ќе...

Ракомет

Станојоски: Подготвени сме за жестока борба со Радовиш, сакаме нова победа – нашата цел е директен пласман во Суперлигата!

Македонија ЃП продолжува со одличните натпревари во Првата ракометна лига, „дробилицата“ во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!