Трета лигаФудбал

ФОТО: Охрид доби нов фудбалски терен со природна трева!

Сподели
ФОТО: Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид
Сподели

Охрид доби нов фудбалски терен со природна треба кој е лоциран во рамки на комплексот на поранешната касарна, а кој од денес започнува да функционира.

ФОТО: Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид

На овој фудбалски терен ќе настапува третолигашот Света Тројца, кој игра во Трета лига – Југозапад, а истиот е ставен во функција и за потребите на ООУ „Кочо Рацин“, но и за сите рекреативци.

ФОТО: Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид

Како што рече градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во наредниот период теренот ќе се огради и ќе се постават монтажни трибини.

„Изминатиов период екипи на ЈП „Билјанини извори“ активно работеа на оспособување на теренот со садење на нова трева, инсталација на наводнување, поставување на реквизити. Во наредниот период теренот ќе се огради и ќе се постават монтажни трибини. Овој терен е ставен во функција за потребите на ООУ „Кочо Рацин“, фудбалскиот клуб „Св. Тројца“, но и за сите рекреативци. Продолжуваме со создавање содржини во поранешната касарна, кои придонесуваат за подобри услови за живеење, особено на жителите од овој дел на градот“, рече градоначалникот Пецаков.

ФОТО: Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид
ФОТО: Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид

Со пуштањето во функција на овој фудбалски терен продолжува создавањето содржини во поранешната касарна, а во сама близина на овој фудбалски терен е и голф теренот.

ФОТО: Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид
ФОТО: Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид
ФОТО: Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа го „разнесе“ Бучин со СЕДУМ гола, фудбалскиот празник во Пепелиште – без победник, трите бодови останаа во Долни Дисан

Со многу погодоци беше отворено третото коло на Трета лига регион 4, откако убедлива победа забележа прилепска Победа на гостувањето во Бучин за...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Македонија со победа над Хрватска до второто место на „Трофеј Македонија“

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на „Трофеј Македонија“, откако во последниот натпревар во Охрид ја совлада Хрватска со...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Речица беше пред можност за победа, но Никола Ѓорѓиевски обезбеди бод за Пчиња

Воведниот меч од третото коло на Трета регион 2 заврши без победник,...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!