КупФудбал

ФОТО: Шкендија Арачиново преку пенали ја елиминира Каменица Саса во Купот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Возбудлив натпревар се одигра денес во Куманово, каде што Шкендија Арачиново по драматична пенал-серија ја совлада Каменица Саса и обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи во Купот на Македонија.

Регуларниот дел заврши 1:1, па победникот мораше да се решава по изведување на пенали.

Првото полувреме мина без погодоци, но не и без возбудувања. Во 30. минута Филип Спенџарски од редовите на Каменица Саса ја погоди стативата, додека во самиот финиш на првиот дел, во 45. минута, Александар Ѓорѓиески од Шкендија Арачиново не реализираше удар од белата точка, па мрежите останаа да мируваат.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во вториот дел Саса прва го отвори резултатот преку Спасовски, а потоа Шкендија остана со играч помалку поради вториот жолт картон за Коцев. Сепак, и покрај бројчаната негатива, тимот од Арачиново покажа храбра и офанзивна игра, без да се почувствува дека игра со човек помалку.

Искусниот Алији во самиот финиш успеа да израмни на 1:1 и да ја однесе средбата во пенал-рулетот.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во серијата пенали, Шкендија Арачиново беше посмирена и поконцентрирана, реализираше повеќе удари и заслужено обезбеди место во осминафиналето на Купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа го „разнесе“ Бучин со СЕДУМ гола, фудбалскиот празник во Пепелиште – без победник, трите бодови останаа во Долни Дисан

Со многу погодоци беше отворено третото коло на Трета лига регион 4, откако убедлива победа забележа прилепска Победа на гостувањето во Бучин за...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Македонија со победа над Хрватска до второто место на „Трофеј Македонија“

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на „Трофеј Македонија“, откако во последниот натпревар во Охрид ја совлада Хрватска со...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Речица беше пред можност за победа, но Никола Ѓорѓиевски обезбеди бод за Пчиња

Воведниот меч од третото коло на Трета регион 2 заврши без победник,...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!