ИнтернационалциФудбалФутсал

Огромен успех: Македонскиот шампион Форца се пласира во главната групна фаза на ЛШ!

Сподели
ФОТО: КФМ Форца
Сподели

Македонскиот футсал испишува нови страници на својата историја! Екипата на Форца од Куманово обезбеди пласман во главната групна фаза на Лигата на шампионите, каде што ќе се натпреваруваат најдобрите 32 тима на Стариот континент.

Во одлучувачкиот натпревар од квалификациската група, одигран во Куманово, македонскиот првак беше феноменален и го совлада првакот на Ерменија, Ереван, со убедливи 5-0. Кумановци целосно доминираа на паркетот и со стил ја заверија историската победа.

Форца претходно ги победи и Енкамп од Андора со 4-0 и Мурата од Сан Марино со 1-0, со што ја заврши групата А на првото место и обезбеди пласман меѓу европската елита.

Овој успех е уште поголем ако се знае дека екипата ја води Газмент Исеини, кој неодамна беше именуван и за селектор на македонската футсал репрезентација. Со неговото водство, Форца покажа извонредна тактичка зрелост и квалитет кој го издигна мак-футсалот на повисоко европско ниво.

Своите противници во главната групна фаза, кумановци ќе ги дознаат следниот месец, а љубителите на футсалот во Македонија со нетрпение го очекуваат продолжението на европската приказна.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!