ИнтернационалциФудбал

Александар Максимов е нов тренер на грчки АЕ Ермионида

Сподели
Сподели

Македонскиот тренер Александар Максимов седнува на тренерското столче на грчкиот клуб АЕ Ермионида, откако двете страни се договорија за соработка за новата сезона.32-годишниот Максимов за неколку дена ќе биде носител на УЕФА А диплома, минатата сезона ја започна сезоната како соработник на Анастасиос Анастасијадес во Ермис Аминтајо (Трета национална лига) и во февруари ја презеде функцијата прв тренер на клубот од Флорина до крајот на сезоната. Како фудбалер, покрај клубовите од Македонија, има настапувано и за клубови во странство (Италија, Германија, Австрија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина).

32-годишниот тренер од сезоната 2021/22 како тренер во Македонија ги водеше младинските категории на Брегалница, Беласица, првиот тим на Локомотива Скопје и младинците на Работнички.

„Александар Максимов е ветувачки тренер кој има визија за фудбалот и е способен да се усогласи со планот кој го има изготвено АЕ Ермионида, при што нашата екипа и оваа година ќе стави акцент, меѓу другото, на развојниот сектор и на новите генерации. Тој е љубител на напорна работа и дисциплина, има искуство со работа со млади играчи и поседува победнички менталитет на теренот. Ќе биде во директна соработка со тренерскиот тим на академиите, следејќи ја програмата која се спроведува во инфраструктурните оддели“, велат од ФК АЕ Ермионида.

Максимов зборуваше за клупската страница веднаш по неговата промоција, истакна дека ќе за него ова ќе биде голем предизвик да го води тимот на АЕ Ермионида како тренер.

„За мене ова е голема чест, многу е важно и е голем предизвик да бидам тука како тренер на АЕ Ермионида. Ќе ја продолжиме напорната работа што клубот ја започна и со играчите кои се на ростерот, имаме долг пат пред нас. Знам за организацијата која постои во тимот во сите сегменти, и тоа е најважниот елемент што ме доведе овде, по контактите што ги имав со раководството. Сите работиме за една цел, сме едно семејство, со единство и пот, со дисциплина, со скромност и страст на теренот, ќе дадеме сè за да изградиме конкурентен тим, кој ќе има победнички менталитет на теренот. Нашите навивачи се дел од семејството на тимот, сите заедно ќе дадеме сè од себе за… да изградиме силна и цврста екипа“, вели Максимов.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!