Прва женска фудбалска лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Вардар и Истатов, Котески главен во Струга

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Четири натпревари од третото коло на Првата женска фудбалска лига ќе се одиграат денес, а колото ќе се затвори во среда со натпреварот меѓу шампионот Љуботен и повратникот во елитата Кочани.

Вардар е дебитант во Првата лига и ќе игра за првпат, а на домашен терен во Драчево ќе се соочи со Истатов.

Правдата на средбата која започнува во 12 часот ќе ја дели Дејан Младеновски од Скопје, а негови помошници ќе бидат Тамара Астарџиев и Дејан Димитријевиќ од Скопје, а пак Никола Божиновски од Скопје ќе биде контролор.

Речица на домашен терен ќе игра против Топ Гол од Битола, а мечот ќе започне во 16 часот. За правдата ќе биде задолжен Бархиљ Ибраими од Тетово, а негови помошници ќе бидат Цветанка Савеска од Јегуновце и Метин Османи од Тетово.

Дејан Неделкоски од Скопје ќе биде контролор на средбата.

Во Пржино ќе се соочат Скопје и Тиверија Брера, а за правдата ќе биде задолжен Ангелчо Ристов од Неготино, негови помошници ќе бидат Ване Дупкаров од Неготино и Душко Панов од Кавадарци. Контролор на средбата ќе биде Драган Ристовски од Куманово. Стартот е закажан за во 17 часот.

Во Струга домаќинот Ас Јунајтед ќе се соочи со Каменица Саса во меч каде за правдата ќе биде задолжен Дарко Котевски од Битола, со неговите помошници Дарко Василевски од Битола и Николче Николовски од Ресен.

Жарко Тодоровски од Охрид ќе биде контролор на мечот кој започнува во 17 часот.

Колото се затвара во среда со мечот кој се игра во Тетово меѓу актуелниот шампион Љуботен и повратникот Кочани, а истиот ќе започне во 17 часот.

Александар Спасова од Мустафино, светиниколско ќе биде главен судија, а помошници се Татјана Ивановска од Куманово и Тамара Цветановиќ од Скопје.

Контролор на средбата ќе биде Аце Миноски од Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Десет екипи, ист систем и Шкендија Волеј како дебитант во Втората лига жени

Втората лига жени во сезоната 2026/2027 ќе брои десет екипи, осум „староседелци“, Ускана Волеј која лани заврши како десетта во Првата лига жени...

Останато

Во градско дерби со Газели Волеј, Работнички Скопје ја започнува одбраната на титулата

Одбојкарките на Работнички Скопје во градско дерби со Газели Волеј на 17 октомври ја отвораат сезоната во Првата лига жени. Во првото коло...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!