Турнири

Вечерва големо финале во Волино: Сатеска на мегдан со Брумел

Сподели
Сподели

Финален ден на турнирот во мал фудбал „Богородица Куп 2025“ – вечерва се игра големото финале и натпреварот за трето место.

Во последната финална битка за освојување на првото место и шампионскиот пехар ќе се соочат Сатеска против Брумел, двете екипи кои стигнаа во големото финале.

Екипата на Сатеска во финалето стигна откако го „збриша“ Чардак Велгошти со 3:0, а пак Брумел го откажа тимот на Инекс Олгица преку изведување на пенали со резултат од 2:4, откако во регуларниот дел беше 0:0.

Финалето на турнирот во Волино започнува во 21:30 каде во последната финална битка ќе се судра Сатеска и Брумел.

Еден час претходно, од 20:30 во мечот за трето место ќе се соочат Инекс Олгица и Чардак Велгошти.


Годинава по првпат Спортска Мрежа медиумски го поддржува овој спортски настан кој е одлично организиран, каде собра голем број на екипи од целата држава и кои преку фер и коректни игри, со возбудливи натпревари, многу погодоци, шанси, пенал, пресврти екипите на Сатеска и Брумел стигнаа до големото финале.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Електро Петар славеше во меч со 18 гола, триумф за Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – два натпревари кај јуниорите, како и два меча кај...

ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е на врвот со 19 бодови. Тимот има учинок од шест победи...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Електро Петар славеше во меч со 18 гола, триумф за Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково...

Турнири

ФОТО: Пицерија Дивино со лото победа, Џокер Фурка со убедлива победа на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со...

Турнири

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!