Прва лигаФудбал

Девет македонски прволигаши добија уште 101.000 евра од УЕФА фондот

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за распределба на дополнителни средства од солидарната шема на УЕФА за натпреварувачката сезона 2024/25. Вкупниот износ од 101.000 евра ќе биде поделен подеднакво меѓу девет клубови од Првата македонска фудбалска лига.

Според одлуката на Управниот одбор, средствата се наменети исклучиво за клубовите кои оваа сезона активно се натпреваруваат во елитното друштво. ФК Воска Спорт, ФК Гостивар и ФК Беса, кои го откажаа своето учество во лигата, нема да бидат опфатени со оваа распределба.

Со оваа финансиска поддршка, ФФМ и УЕФА имаат цел да им помогнат на македонските клубови во покривање на дел од трошоците за натпреварување и организација, како и да го подигнат квалитетот на домашниот шампионат.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!