РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Прифатена оставката на Скендеровски, Исеини нов селектор на футсал репрезентација на Македонија!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја прифати оставката на Васко Скендеровски од функцијата селектор на македонската футсал репрезентација.

„Фудбалската федерација на Македонија му се заблагодарува на долгогодишниот предводник на футсал селекцијата за неговиот придонес и посветеност во развојот на македонскиот футсал“, велат од ФФМ.

Нов селектор на македонската А футал репрезентација е Газмент Исеини, тренерот на актуелниот шампион и освојувач на Купот на Македонија, Форца од Куманово.

Исеини има големи успеси со Форца изминатите сезони, откако во низа веќе двапати ја освојува двојната круна, а играше и во главнафа квалификациска рунда во Лигата на шампионите.

Во изминатите години, беше дел од стручниот штаб во А футсал репрезентацијата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи на домашен терен и освојувајќи значаен бод. Сепак, денеска ги очекува...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!