РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Влатко Колев назначен за нов селектор на македонската репрезентација У17

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го назначи Влатко Колев за нов селектор на македонската репрезентација до 17 години (генерација 2009). Колев доаѓа на местото на Драган Начевски, кој својата тренерска кариера ќе ја продолжи во кипарскиот фудбал.

Колев е носител на тренерска Про лиценца и зад себе има речиси две децении богато искуство во работата со младински категории. Во својата кариера работеше во некои од најреномираните македонски клубови како Вардар, Работнички и Металург, а двапати беше прогласуван за тренер на годината во младинскиот фудбал.

Поранешен фудбалер и дел од шампионските генерации на Вардар и Силекс, Колев настапуваше и за Македонија Ѓорче Петров. Со неговото назначување, ФФМ очекува свеж пристап и нова енергија во развојот на младите таленти, со цел подготвување на генерацијата 2009 за претстојните предизвици на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!