Турнири

Мега дерби на Конзул Транс и Оливер Промет, Даниел Инженеринг на мегдан со Атанасов Градба на „Подареш 2025“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Стартува четвртфиналето на турнирот во Подареш, а возбудувањата продолжуваат утре откако петокот и саботата беа слободни денови на „Подареш 2025“.

Утре на програмата ќе бидат два натпревари, од 21 часот Даниел Инженеринг оди на мегдан со Атанасов Градба, а победникот од овој дуел ќе обезбеди билет за влез во полуфиналето.

Во вториот меч мега дерби на две ефикасни екипи кога се во прашање погодоците, Оливер Промет ќе се соочи со Конзул Транс.

Најдобар стрелец после осминафиналето на турнирот во мал фудбал „Подареш 2025“ е Никола Божинов од екипата на Оливер Промет со осум постигнати погодоци, додека пак второто место го делат Живко Крстев од екипата на Еуро Дом и Сабри Садилов од екипата на Оливер Промет со по четири погодоци.

Во четвртфиналето Фурна Марфи ќе оди на мегдан со Дивино Босилово, а пак Ан Са и Перо и Тајфата против Еуро Дом.

Во однос на резултатите од четвртокот за комплетирање на осминафиналето. Екипата на Фурна Марфи однесе висока победа, откако популарните „радовишки сомуни“ го декласираа тимот на Бунарџик 8:4, а висока победа однесоа и „шлеперите“ на Конзул Транс против Ас Мк Подареш со 10:2.


Големо изненадување направи Атанасов Градба Подареш откако го исфрли фаворитот Фреит Оне 3:1.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан по првпат годинава.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од 16. коло на Првата лига се игра на Градскиот стадион во...

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Двете...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Пицерија Дивино со лото победа, Џокер Фурка со убедлива победа на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со...

Турнири

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!