Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бугарската репрезентативна голманка Роксана Шаханска ново име во ЖФК Каменица Саса

Сподели
ФОТО: ЖФК Каменица Саса
Сподели

ЖФК Каменица Саса продолжува со градење на конкурентен тим за новата сезона во македонскиот шампионат. Клубот од Македонска Каменица го претстави најновото засилување – бугарската репрезентативна голманка Роксана Шаханска.

Искусната 33-годишна голманка пристигнува од редовите на белградска Црвена Звезда, каде што со своите одбрани остави силен впечаток. Во својата кариера има настапувано и за репрезентацијата на Бугарија, со која запиша бројни настапи и беше дел од квалификациски циклуси за големи натпреварувања.

Со своето искуство, и квалитет на теренот, Шаханска се очекува да донесе дополнителна сигурност во последната линија на Каменица Саса и да биде една од носителките на играта во битката за врвот на табелата.

Со вакви засилувања, клубот ја покажува својата сериозна намера дека ќе се бори за највисоките позиции и дека ќе  биде меѓу главните фаворити за освојување на трофејот во женскиот фудбал во Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!