Прва лигаФудбал

Вардар се спасуваше против Брера – два гола на Мато за реми на Арената!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Вардар одигра само 2-2 против Брера Струмица во натпреварот од третото коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), иако важеше за голем фаворит пред почетокот на дуелот на Националната арена. Тимот на Гоце Седлоски имаше проблеми во реализацијата и мораше да се спасува за бод благодарение на двата ефектни погодоци на Роџерс Мато.

Гостите од Струмица приредија вистинско изненадување и поведоа во 15. минута преку Фад Ндзенге, кој ја искористи грешката на Сенгор и со прецизен лоб го совлада Талески за 0-1. Радоста на Брера траеше само четири минути – Мато со еврогол од работ на шеснаесетникот израмни на 1-1.

Сепак, проблемите во одбраната на Вардар продолжија. Во 40. минута, Зоран Ивановски претрча половина терен и донесе ново водство за Брера – 1-2, резултат со кој се замина на паузата.

Вториот дел започна со три офанзивни измени на Седлоски, меѓу кои и вклучувањето на Кастанеда. Вардар притискаше, но Брера ја погоди пречката и беше на чекор од сензација. Како одминуваше времето, гостите се бранеа со сите сили, а Вардар имаше тешкотии да создава чисти шанси.

Спасот за „црвено-црните“ дојде во 88. минута, кога Мато со нов спектакуларен погодок од триесетина метри израмни на 2-2 и ги спаси домашните од пораз. Во долгиот судиски додаток од девет минути, Вардар притискаше, но шансите на Закариќ и Омерагиќ останаа неискористени.

За Брера, ова е прв освоен бод во новата сезона и огромен поттик за продолжение на шампионатот, додека Вардар, по двата стартни триумфи, го испушти првото место и ќе мора да работи на стабилноста во одбраната.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!