Прва лигаФудбал

Струга триумфира и против Работнички – продолжува победничката серија

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Екипата на Струга Трим Лум продолжи со перфектниот старт во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако ја запиша и третата победа од исто толку натпревари. Стружани на домашен терен славеа со минимални 1-0 против Работнички.

Домашниот тим целосно доминираше во дуелот со „романтичарите“ и сосема заслужено ги освоија трите бодови. Работнички, пак, ја продолжи кризата во нападот – по три кола останува единствениот тим кој сè уште нема постигнато гол.

По низа пропуштени шанси и одбрани на голманот Василев, Струга до водство стигна пред полувремето. Велиќ го фаулира Компаоре во шеснаесетникот, а токму напаѓачот ја презеде одговорноста и сигурно реализираше од белата точка. За Компаоре ова беше трет гол сезонава и трет натпревар по ред во кој се запишува во листата на стрелци.

Во второто полувреме, Струга имаше уште неколку прилики за зголемување на предноста, но не успеа да реализира. Работнички во завршницата создаде серија шанси – Николовски дури и ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради игра со рака, а во 80-тата минута Хоџа ја погоди стативата.

Во следното коло, Струга ќе гостува кај Башкими во Куманово, а Работнички ќе игра дома со Шкендија. Тоа ќе биде нов голем тест за двата тима кои со различни амбиции ќе влезат во натпреварите – Струга да ја продолжи победничката серија, а Работнички да ја прекине голгетерската криза.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!