ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Сподели
Сподели



Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби на потврда, македонскиот репрезентативец Марио Благојевски останува во шампионот Проект и во сезона 2026/2027.

Популарниот „Џемо“ ќе тресе мрежи за тимот од Јосифово и во новата сезона, со неговото искуство Проект веќе од овој викенд ја започнува одбраната на двојната круна.

„Некои приказни не завршуваат — само добиваат ново поглавје. Со огромно задоволство го пречекуваме Марио Благојевски повторно во семејството на Проект! Марио повторно е дел од тимот и заедно продолжуваме кон нови предизвици и победи“, велат од клубот.

Благојевски, кој има 29 години, го имаше своето деби и во Лигата на шампион во Грац, Австрија, а во Проект пристигна во октомври 2025 година. Претходно, за овој тим настапуваше и во период од септември 2022 до јануари 2025 година.

Поддржете го независното спортско новинарство. Донирајте за Спортска Мрежа

Настапуваше и за Форца од Куманово и Железарец, а во големиот фудбал кариерата ја започна во Марино, беше дел од Металург, Кадино, Илинден, Мралино, Македонија ЃП, Пчиња и Бујковци.

Меѓународна кариера како футсал играч градеше во Косово во екипата на Вјоса.

Тренерот на Проект, Игор Димов, со потврда на Благојевски и за следната сезона добива значителен квалитет, а намерата на Проект е јасна – одбрана на двојната круна.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од...

Фудбал

Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот фудбалски мајстор од Струмица

Струмичкиот и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо име. Почина Димитар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!