Ракомет

Добри вести за шампионот: Хеидарирад наскоро се враќа на голот!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Навивачите на Еурофарм Пелистер конечно можат да здивнат! Голманот Сеид Хеидарирад нема сериозна повреда и ќе мирува само една недела, по што се очекува да биде подготвен за официјалниот старт на новата сезона.

Иранскиот репрезентативец се повреди на вчерашното дерби против Вардар, одиграно во рамките на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Сепак, лекарските прегледи покажаа дека не станува збор за потешка повреда, што е одлична вест за битолчани.

Хеидарирад беше еден од најзабележителните играчи на мечот со 15 одбрани и еден постигнат погодок, а по неговото излегување блескаше и Брестовац кој успешно ја презеде улогата меѓу стативите.

Со оваа вест, шампионот може мирно да ги продолжи подготовките и да влезе максимално подготвен во борбата за одбрана на титулата.

Еурофарм Пелистер продолжува со силни амбиции и очекува целосен состав за почетокот на сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите, откако на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ загубија од полската...

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако во „Т Арената“ го совлада Скопје со 102:98 во натпревар со...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!