Прва лигаФудбал

Струга триумфира и против Работнички – продолжува победничката серија

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Екипата на Струга Трим Лум продолжи со перфектниот старт во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако ја запиша и третата победа од исто толку натпревари. Стружани на домашен терен славеа со минимални 1-0 против Работнички.

Домашниот тим целосно доминираше во дуелот со „романтичарите“ и сосема заслужено ги освоија трите бодови. Работнички, пак, ја продолжи кризата во нападот – по три кола останува единствениот тим кој сè уште нема постигнато гол.

По низа пропуштени шанси и одбрани на голманот Василев, Струга до водство стигна пред полувремето. Велиќ го фаулира Компаоре во шеснаесетникот, а токму напаѓачот ја презеде одговорноста и сигурно реализираше од белата точка. За Компаоре ова беше трет гол сезонава и трет натпревар по ред во кој се запишува во листата на стрелци.

Во второто полувреме, Струга имаше уште неколку прилики за зголемување на предноста, но не успеа да реализира. Работнички во завршницата создаде серија шанси – Николовски дури и ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради игра со рака, а во 80-тата минута Хоџа ја погоди стативата.

Во следното коло, Струга ќе гостува кај Башкими во Куманово, а Работнички ќе игра дома со Шкендија. Тоа ќе биде нов голем тест за двата тима кои со различни амбиции ќе влезат во натпреварите – Струга да ја продолжи победничката серија, а Работнички да ја прекине голгетерската криза.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!