Прва лигаФудбал

Али Адем по трет пат замина од Шкупи – ново засилување е во Македонија ЃП

Сподели
ФОТО: ФК Македонија ЃП
Сподели

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Али Адем, го напушти ФК Шкупи по само еден месец редовна игра. Тој ти три пати беше повратник во тимот на Шкупи, но сега има нов тим.

Новата дестинација на 24-годишниот дефанзивен играч за врска е Македонија Ѓорче Петров – повратникот во елитното друштво кој оваа сезона има за цел да обезбеди сигурен опстанок. Со своето долгогодишно искуство, стекнато и на домашната и на меѓународната сцена, Адем се очекува да биде значајно засилување за „лавовите“.

Адем својата професионална кариера ја започна во Вардар, а во своето досегашно фудбалско патешествие настапуваше и за грчките клубови Арис и Верија, потоа за Фљамуртари од Албанија, како и во повеќе наврати за Шкупи.

Македонија ЃП новата сезона ја отвори со два порази по првите две кола во ПМФЛ, а првата можност за позитивен резултат ќе ја има овој викенд во дуелот против Силекс во 17:00 часот во сабота во Кратово.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!