Останато

Тага во македонскиот бокс – загина младиот талент Еди Насуфи

Сподели
Screenshot
Сподели

Македонскиот спорт е погоден од голема трагедија по веста за смртта на младиот боксер Еди Насуфи, кој на само 19 години го загуби животот во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во изминативе денови, а шокот и болката се чувствуваат во целата спортска јавност.

Насуфи беше дел од македонската боксерска репрезентација и со години настапуваше во повеќе возрасни категории. Тренерите и љубителите на боксот го сметаа за еден од најголемите таленти во државата, со потенцијал да стане иднина на овој спорт. Првите чекори ги направи во боксерскиот клуб „Синди“ од Струга, каде што со својот карактер, дисциплина и резултати брзо се издвои од врсниците.

Во текот на својата кратка, но блескава кариера, Насуфи зад себе остави бројни настапи на домашната и меѓународната сцена. Секогаш препознатлив по борбениот дух и посветеноста, тој беше инспирација за многу помлади спортисти.

По трагичната вест, сочувство до неговото семејство и блиските изразија бројни спортски клубови, пријатели и колеги. Фудбалскиот клуб Струга Трим Лум преку социјалните мрежи се прости од младиот спортист, нагласувајќи дека градот Струга изгуби вистински бисер.

Еди Насуфи потекнуваше од струшкото село Велешта, а неговото име останува запаметено како симбол на младост, талент и недоостварена спортска приказна. Македонскиот бокс загуби голема надеж, а неговите пријатели и соиграчи ќе го паметат како скромен, вреден и секогаш насмеан млад човек.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

Останато

Калин Митевски двоен победник на МТП Опен 2026

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП Опен 2026, турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!