Прва лигаФудбал

Искусниот стопер Кире Ристевски на позајмица во Македонија ЃП!

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Со богатото искуство стекнато во домашни и странски клубови, искусниот дефанзивец Кире Ристевски е подготвен да донесе стабилност и лидерство во редовите на Македонија Ѓорче Петров.

34-годишниот стопер, кој минатото лето се пресели во Струга Трим Лум, сега ќе ја засили одбраната на скопскиот тим кој се врати во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Со своето богато клупско и репрезентативно искуство, Ристевски се очекува да биде лидер на дефанзивата и да донесе стабилност на „лавовите“ под водство на Бобан Грнчаров.

Кариерата на Ристевски започна во Пелистер, а потоа настапуваше во Албанија (Елбасан, Билис, Тирана), Бугарија (Славија Софија), Унгарија (Васас, Ујпешт), Кипар (АЕЛ Лимасол, Етникос) и Ерменија (Пјуник). Во македонскиот фудбал играше за Пелистер, Работнички и последно за Струга Трим Лум.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Олти од Косово го потврди учеството на Ohrid Winter Cup

Меѓународниот фудбалски турнир Ohrid Winter Cup ќе има силна конкуренција, откако ФК Олти од Пеќ, Косово го потврди учеството. Се работи за фудбалска...

Турнири

Каменица Саса го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Екипата на Каменица Саса од Македонска Каменица го потврди учеството на меѓународниот фудбалски турнир Ohrid Winter Cup со две генерации. Фудбалскиот клуб од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс ѝ ги расипа плановите на Шкендија – кратовци освоија бод, тетовци заостануваат зад лидерот Струга!

Шкендија пропушти можност да ја намали разликата во однос на лидерот Струга...

Прва лигаФудбал

Шкендија против Силекс ќе цели кон нови три бода

Шкендија се враќа на фудбалските обврски по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи,...

Прва лигаФудбал

Тимовски: Играме добро и создаваме шанси, против Шкендија одиме по позитивен резултат

По серијата позитивни резултати, Силекс во минатото коло претрпе пораз на домашен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!