Останато

Марко Алексовски продлжува со победите на турнирите на ITF-Tennis Europe

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски продолжува со успешните настапи на турнирите на кои учествува како дел од тимот на ITF-Tennis Europe, финансиран од Grand Slam Development Fund. По освоеното прво место на турнирот во Барселона изминатиот викенд, Алексовски продолжи со победи и на турнирот „Давид Ферер“ што се игра во Аликанте, Шпанија.

Во првото коло, тој убедливо го совлада Австриецот Александер Цош со 2-0 во сетови (6:1, 6:0), додека во второто коло триумфира над домашниот тенисер Пау Лозано Ортега со 2-1 во сетови. Поразот во првиот сет за Алексовски беше 4:6, но следните два сетa ги освои убедливо со 6:1 и 6:0.

Денеска, во трето коло, Алексовски ќе се соочи со полскиот тенисер Јан Марсели Липка.

Турнирот во Аликанте е од категорија 1 за тенисери и тенисерки до 14 години и е на исто ниво како турнирот во Барселона, кој Алексовски го освои минатиот викенд. Пред тоа, тој беше полуфиналист на турнир во Белгија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!